Кралот на колена: Барселона го демолираше Реал во Мадрид со 4:0 (Видео)

Барселона се израдува на една од најубедливите победи на „Сантијаго Бернабеу“ откако победи со 4:0 во вечното Ел Класико. Победата на Барселона е неверојатна, посебно ако се знае дека Реал немаше пораз во шпанското првенство на претходните 42 меча.

По оваа победа, Барселона останува лидер со 30 бодови од 11 средби, но сега има шест бода повеќе од Реал Мадрид кој уште е втор. Првото полувреме воопшто не најавуваше дека може на Реал да му се случи дебакл пред своите навивачи, бидејќи резултатот беше 0:0.

Во второто полувреме започна побендичкиот танц на барселона. Прво следуваше блесокот на Левандовски, кој во периодот од 54 до 56 минута постигна два гола. Најпрво иеше прецизно од далечина за водство на гостите од 1:0.

Потоа Левандовски покажа дека е одличен и во играта со глава.

Ламин Јамал стави крај на сите надежи на Реал, откако погоди за 3:0 во 77 минута, а конечните 4:0 ги постави Рафиња со гол во 84 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести