Најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс, денеска го прославува својот 40-ти роденден.
Кралот Џејмс како што го нарекуваат, ја игра својата 22-ра сезона во најсилната кошаркарска лига на светот, на почетокот на сезонава му се оствари сонот да заигра заедно со син му Брони, тренер до ЛА Лејкерс му е поранешен средношколски ривал, но не делува како некој што е спремен за во пензија, туку и на 40 години е меѓу најдобрите играчи во НБА.
Само 23 играчи во историјата играле во НБА со наполнети 40 години, Џејмс ќе биде 24-тиот. Повеќето од нив беа центри како Роберт Периш, Дикембе Мутомбо, Кевин Вилис, но имаше и бекови како Винс Картер, а никој од нив не беше во толку добра форма после 40-тиот роденден како Карим Абдул Џабар и Џон Стоктон. Џејмс може да ги надмине и нив. Карл Мелоун е најстариот играч кој некогаш имал трипл-дабл со 40 години и 127 дена. Џејмс имаше 11 трипл-дабл со полни 39 години.
Четириесетгодишниот Џејмс изгледа сосема поинаку отколку кој било друг 40-годишник во историјата на НБА: сезонава има просек од 23,5 поени, 7,9 скока и 9 асистенции по меч. Велат уште ги носи НБА навивачите на пеколно возење додека се доближува кон зајдисонцето.