Рафаел Надал очекувано се пласираше во третото коло на „Ролан Гарос“, турнир на кој Шпанецот има неверојатни 13 титули.
Вечерва Надал на париската земја го победи Французинот Корентен Муте (139-ти на АТП листата) со 3-0 во сетови, загуби само 8 гејма, но одигра далеку под своите можности.
Ова е 300-та победа на грен-слемите за Надал. На „Ролан Гарос“, билансот му е 107 победи и 3 порази.
Следен противник на Надал е Холанѓанецот Ботик Ван де Зандсхулп.