Кралот остана без круната: Џејмс првпат во кариерата елиминиран во првата рунда

Леброн Џејмс и Лејкерси како актуелни шампиони претрпеа елиминација од разигрувањата во првата рунда, откако Феникс утринава славеше во шестиот меч со 113:100 и се пласира во западното полуфинале.

Кралот не успеа да го сочува тронот и првпат во кариерата го завршува својот настап во плејофот само по една рунда, односно од првпат од 2010 година не стигна да се бори за самиот пехар (исклучувајќи ја сезоната 2018/19, во која Лејкерс не се пласираа во плејофот).

Езерџиите во половина од дуелите против Санс не можеа да сметаат на втората ѕвезда Ентони Дејвис, па тимот од Аризона ја искористи таа ранливост да ја одреди судбината на најтрофејната франшиза во НБА.

Џејмс воедно запиша негативен учинок во поени, првпат по една деценија во ниту еден меч не постигна 30 или повеќе поени. Фактот дека доаѓа нова ера во НБА, потврдува тоа што ниту тим на Стеф Кари, а ниту на Леброн Џејмс ќе се бори за титулата.

- Оглас -

Најнови вести