17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Кралот со 13 европски круни е прв на вечната листа на УЕФА – Јувентус испадна во ЛШ пред Челзи и Атлетико, но успеа да ги прескокне

Реал Мадрид, кој е рекордер со 13 европски титули, остана на првото место на вечната ранг-листа на УЕФА и е лидер со 361 поен.

Полуфиналистите во ова издание на Лигата на шампионите ја предводат трката пред Баерн Минхен, кој на сензационален начин беше елиминиран од Вилјареал во четвртфиналето со вкупен резултат 1:2.

Баварците имаат 320 поени, а веднаш зад нив на новата УЕФА клупска ранг-листа е Барселона со 286 поени.

На четвртото место се проби Јувентус со 250 поени и ги прескокна и Челзи и Атлетико Мадрид, иако во ЛШ испадна пред нив.

Старата дама имаше и среќа бидејќи се бришат резултатите од сезоната 2011/12, кога Челзи беше европски првак, а Атлетико Мадрид истата сезона го освои пехарот во Лигата на Европа, па им се бришат поените во десетгодишната пресметка при рангирањето на УЕФА.

Челзи е на петтото место со 242 поени, зад нив е Атлетико, а во Топ-10 се уште и Пари Сен Жермен, Манчестер сити, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Ранг-листата на УЕФА е многу важна при распределбата на фондот што УЕФА го има, а изнесува 600 милиони евра, па поголемиот коефициент, односно место на ранкингот носи и повеќе пари.

 

- Оглас -

Најнови вести