Кралот со нов тим, но со исти амбиции – Да го урне шампионот Голден стејт

Традиција е во САД да се играат НБА-натпревари за католички Божиќ, па и денес нема да биде исклучок. Празничната програма нуди пет интересни дуели, со тоа што „маратонот“ започнува од 18 часот по наше време, а ние одделивне три дуели кои вредат да се типуваат.

Во денешните типстерски совети се нудат и два фудбалски мечеви. Едниот дуел е во израелската прва лига меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Бер Шева, додека вториот се игра во саудиската Премиер лига.

Голден стејт вориос – ЛА лејкерс (2 часот по полноќ)

Моментот кој се чекаше уште од стартот на оваа сезона, Леброн Џејмс со неговите „езерџии“ гостува кај шампионот Голден стејт. Овој дуел ќе биде прв за Кралот против „воините“ откако се пресели во Лос Анџелес. Во потрага по нов предизвик и тим со кој ќе може да конкурира за нов шампионски прстен, Џејмс се пресели во Калифорнија, каде што ќе се обиде да стави крај на доминацијата на Вориорс.

Иако Лејкерси засега го немаат потребниот квалитет да се борат за титулата, секогаш е престиж да се победи актуелниот бранител на трофејот, особено кога се игра во „Оракл арената“. Исто така, ќе сакаат да го поправат учинокот од последните пет средби во кои бројат само две победи, додека Голден стејт има малку подобар скор, ќе игра со цел да не ги разочараат своите фанови на големиот празник.

Предлог тип: Леброн Џејмс >28,5 (1.85)

 

Њујорк никс – Милвоки бакс (18 часот)

Нема Божиќ без дуел во познатата „Медисон Сквер гарден“, „елените“ од Милвоки гостуваат кај Њујорк никс, дуел кој најавува одличен почеток на НБА-маратонот. Вториот најдобар тим од Источната конференција по трет пат ќе се судри со „никси“ оваа сезона, двете екипи делат по една победа засега.

И Милвоки и Њујорк се екипи на кои нападот им е во прв план, во просек постигнуваат над 100 поени. Тимот кој го предводи Дејвид Фицдејл почесто трпи порази и покрај тоа што постигнува троцифрен број поени. Формата на Њујорк е катастрофална, само една победа на последните 10 меча, очигледно е во голема криза. Милвоки до завчера беше во серија од четири триумфи во низа, а потоа претрпе пораз на гости кај Мајами.

Предлог тип: 2 & <225.5 (2.40)

 

Хјустон рокитс – Оклахома сити тандер (21 часот)

Дуелот во Тексас е еден од двете дерби-средби за Божиќ, а секогаш е интересно кога Џејмс Харден игра против својот некогашен тим Оклахома. Судирот на паркетот меѓу Брадата и Вестбрук со сигурност ќе носи атракции. „Грмотевиците“ еднаш го стресоа Хјустон (98:80) сезонава, и тоа без Расел во тимот, кој тогаш беше повреден, но, за нивна среќа, и Харден не беше на ниво на тој меч.

Хјустон мора да почне да победува во серија доколку сака да го задржи местото кое води во разигрувањата, додека Оклахома нема намера да влезе во „лузерска“ низа откако завчера претрпе минимален пораз од Минесота.

Предлог тип: <216.5 (2.15)

 

Макаби Тел Авив – Хапоел Бер Шева (20 часот)

Актуелниот израелски првак гостува кај вицешампионот од изминативе две години. Неисвесноста е честа појава кога играат овие две екипи меѓу себе, додека головите се реткост. Три од четирите последни меѓусебни средби завршија со резултат од 1-0, додека последниот дуел заврши со реми од 1-1.

Предлог тип: 1X & GG (2.35)

 

Aл-Раед – Ал-Тавон (16 часот)

Ретко кога во типстерсите совети има понуда за меч од саудиската Премиер лига, но денес вреди да се одигра дуелот меѓу Ал-Раед и Ал-Тавон, особено ако очекувате да има голови. Четири од последните меѓусебни средби завршија со три или повеќе гола, па јасно е дека нема да недостасуваат и денес.

Ал-Тавон е во подобра форма. Иако последниот меч од првенството го загуби, и натаму има надеж дека ќе биде при врвот по крајот на сезоната.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести