Кралот во Лигата на Европа не губи дома, Јувентус ќе се радува против Французите

6023 Јувентус – Нант (21 ч.)

По пауза од 27 години, овие две екипи повторно се на европски мегдан. Јувентус е голем фаворит против тимот кој е само со шест победи во 23 кола во француското првенство. Нант е тим со една од најдобрите одбрани во Франција и главниот фокус им е да не примат гол, па затоа имаат и 10 нерешени.

Јувентус сезонава во Торино игра сигурно и Старата дама сигурно ќе сака да се стекне со солидна предност пред реваншот во Франција, во 16-финалето од Лигата на Европа.

Предлог тип: 1&0-3 (2.04)

 

6021 Салцбург – Рома (18:45 ч.)

Салцбург е тим кој сака да игра офанзивно со повеќе голови, но Рома целосно е во друг стил. Тимовите каде што е тренер Жозе Мурињо во вакви нокаут-дуели играат со многу калкулации. Мурињо секогаш е „гладен“ за европски трофеи и сигурно дека Португалецот ќе гледа на вистински начин да ги мотивира своите фудбалери.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.64)

 

6025 Севилја – ПСВ (21 ч.)

Севилја е Кралот во Лигата на Eвропа и во последните 18 години освои дури шест трофеи во ова натпреварување, што значи дека секој трет трофеј во овој период оди во нивните витрини.

ПСВ е тим кој игра офанзивно, со многу погодоци, а и за Севилја се знае дека не е тим кој многу калкулира, а навивачите на „Рамон Санчес Писхуан“ ќе бараат погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.10)

 

6027 Спортинг – Митјиланд (21 ч.)

Според многумина, тука не е дилема кој ќе победи, туку со колкава разлика ќе слави домаќинот. Спортинг ги разочара домашните фанови и загуби во дербито од Порто, па сега сигурно нема да сакаат вторпат да киксираат.

Како минус за тимот на Митјиланд може да биде и фактот дека последниот официјален меч го имаше во ноември, што значи дека три месеци немаат вистинска проверка за нивниот квалитет. Тие не се ни во натпреварувачка форма, па реално е да не може да дадат посериозен отпор вечерва.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

6717 Лацио – Клуж (21 ч.)

Лацио е во лоша форма и нема победа на последните четири меча, а Клуж е ривал кој е во борба за титулата во Романија. Италијанскиот тим е фаворит на „Олимпико“, но ќе биде интересно да се види дали Небесносините конечно ќе им донесат радост на своите фанови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести