Кралот во НБА се поклони пред титулата на Ливерпул, честитки од сите страни пристигнуваат на „Енфилд роуд“

Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс е меѓу многуте навивачи на Ливерпул кој од пред половина час ја слави титулата во Премиер лигата. Кралот од Лос Анџелес веднаш преку својот твитер-профил ја честиташе титулата на гигантот од „Енфилд роуд“.

Меѓу оние кои му честитаа на Ливерпул е и легендарниот Гери Линекер, кој често знае да ги коментира случувањата во англиското првенство. Линекер потенцираше дека нема клуб во историјата на Премиер лигата што ја освоил титулата на седум кола пред крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести