Кралска бомба од најсилен калибар ќе одекне во март – Мбапе се договорил со Реал Мадрид за годишна плата од 50 милиони евра

Гермкански „Билд“ објави сензационална вест дека Реал Мадрид и Килијан Мбапе веќе имаат договор за преселба на фудбалерот на ПСЖ на „Сантијаго Бернабеу“, а се ќе биде официјализирано во март, по завршувањето на двомечот во Лигата на шампионите меѓу овие две екипи.

Според информацијата на „Билд“, Реал Мадрид му понудил бруто-годишна плата на Мбапе од неверојатни 50 милиони евра, а во нето-износ Килијан би имал 25 милиони евра бидејќи данокот во Шпанија во вакви случаи е 50 отсто.

Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се ривали во осминафиналето во Лигата на шампионите и ќе играат на 15 февруари во Париз и на 9 февруари во главниот град на Шпанија.

Веднаш потоа, како што објави германскиот медиум, ќе биде и официјално потврдено дека Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид во последната година од неговиот договор со ПСЖ.

Килијан го има вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот и во 2017 година ПСЖ за него на Монако му плати 145 милиони евра, плус предвидени беа бонуси од 35 милиони евра.

Пред него е само Бразилецот Нејмар со трансфер вреден 222 милиони евра, исто така остварен во 2017 година при преселбата од Барселона во Пари Сен Жермен.

 

- Оглас -

Најнови вести