Кралска доминација – Бензема е најдобар играч за 2021/22, младите ги предводи Винисиус јуниор

УЕФА ги одбра најдобрите фудбалери за сезоната 2021/22, а апсолутна е доминацијата на Реал Мадрид.

Карим Бензема е најдобар фудбалер во Европа за ланската сезона како најдобар стрелец во Лигата на шампионите и со пехарот в раце откако Кралевите го победија Ливерпул во финалето.

За Бензема ова е прво вакво признание, а за уште едно признание за Реал Мадрид се погрижи Винисиус јуниор, кој е прогласен за најдобар млад фудбалер за ланската сезона.

Винисиус јуниор беше стрелец и асистент на неколку клучни гола при походот на Реал Мадрид кон рекордната 14-та шампионска круна во Лигата на шампионите.

За најдобар голман е избран Тибо Куртоа, исто така од Реал, а и Карло Анчелоти, менаџерот на Кралевите, е најдобар менаџер во Европа во изборот на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести