Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид е првиот што успеа да се пласира на фајнлфор-турнирот во Белград под капата на Евролигата.
Кралевите со 3:0 го елиминираа Макаби Тел Авив откако во третиот меч, и тоа на гостински терен, славеа со 76:87. Најдобар поединец кај Кралевите беше искусниот Серхио Љуљ, кој постигна 18 поени, а имаше и три скока и шест асистенции.
Во вториот денешен меч од Евролигата актуелниот првак, Анадолу Ефес беше подобар од Армани Милано со 77:65 и со тоа дојде до водство од 2:1 во серијата. Минатогодишниот МВП, Василије Мициќ, беше предводник со 20 постигнати кошеви.
Четвртиот меч, кој исто така ќе се игра во Турција, на програмата е за два дена.