„Кралска отстапка“ или маркетиншки потег на Леброн?

Лидерот на Лос Анџелес лејкерс, суперѕвездата Леброн Џејмс, во следната сезона нема да го носи дресот со бројот 23, туку ќе му го препушти на новиот клупски колега Ентони Дејвис. Ова е нетипичен потег во НБА, ѕвездите тешко се одлучуваат да го сменат бројот на грбот, па затоа и оваа одлука на Џејмс е изненадувачка.

„Веѓата“ во целата досегашна седумгодишна кариера во Њу Орлеанс носеше број 23, а пред две недели стана член на Лејкерс, и бил поласкан од потегот на неговиот клупски колега. Џејмс ја носеше 23-ката во Кливленд и ЛА Лејкерс, но не и во Мајами, каде освои две титули со бројот 6 на дресот.

Веројатно повторно Џејмс ќе се реши за бројот 6, што би придонело и за поголема продажба на дресови, бидејќи сите фанови и колекционери ќе сакаат да го имаат дресот на Џејмс од Лејкерс со бројот 6, а не старата 23-ка. Во клубот од Лос Анџелес повлечени се броевите 8, 13, 22, 24, 25, 32, 33, 34, 42, 44 и 52.

Лејкерс не планира да застане со засилувањата, туку ќе купи уште една голема ѕвезда, со што дефинитивно ќе бидат кандидати за титулата. Клубот во селери капот има простор да земе играч кој би го плаќале 32 милиони долари по сезона, сума со која би привлекле секого.

- Оглас -

Најнови вести