Реал Мадрид го доби дербито против Фенербахче со убедливи 94:65 среде Истанбул. Кралевите ја запишаа четвртата победа во низа, вкупно 19-та во Евролигата, зацврстувајќи се на втората позиција, а воедно тимот на Пабло Ласо славеше четврти пат во низа против турскиот гигант.
Од самиот почеток гостите ја презедоа контролата врз резултатот дозволувајќи му на противникот да постигне најмногу 20 поени во еден од четирите периоди. Џеј Си Керол блесна со 20 поени и 4/7 тројки, Таварес придонесе со 16 поени и 8 скока. Де Коло го достигна својот просек од оваа сезона, заврши со 21 поени, меѓутоа недоволно за да се спречи налетот на Кралевите.
Претходно Олимпијакос го доби Асвел со 77:68, Алба ја украде победата на гостувањето кај Зенит со 83:81.