Кралска серија, епизода број 12 – Реал Мадрид го прегази и Лион во Евролигата (Видео)

Кралската серија на Реал Мадрид продолжува со нова победа, 12. по ред во Евролигата, откако вечерва гостите од Мадрид беа подобри од Лион Вилербан и славеа со 87:77.

Реал Мадрид го реши мечот со ефикасна игра во првото полувреме што го доби со 52:37, а разликата умешно ја чуваше и во продолжението на мечот.

Треј Томпкинс беше незадржлив за одбраната на францускиот тим и со 20 поени и шест скока беше најдобар поединец на мечот. Веднаш до него е Џордан Мики со 18 поени и 7 скока. Ист број на поени имаше и Руди Фернандес.

Кај домаќините Чарлс Кауди беше најефикасен со 18 поени, а Едриен Пејн постигна 11.

 

Со новиот триумф кралевите повторно се израмнија со Анадолу Ефес на врвот на табелата по 17 кола. Двете екипи имаат по 14 победи и три порази.

Во последните дуели вечерва Валенсија ја победи Алба со 91:79, а Армани Милано беше подобар од Зенит и славеше со 73:72.

- Оглас -

Најнови вести