Кралски клуб со навивачи без манири – Во Антверп ќе го запалеа голманот на Ајнтрахт (Видео)

Голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап, имаше многу среќа во финишот на мечот против Антверпен откако кон него навивачите на Кралскиот клуб од Белгија фрлија топовски удар, што експлодира блиску до нозете на чуварот на мрежата на гостите.

Frankfurt keeper Kevin Trapp has firework thrown at him from soccer

Трап потскокна и за среќа не беше повреден во ситуација што беше сериозна за него. Ајнтрахт го победи Антверпен со 1:0 со голот на Пасиенсија во 91-вата минута.

Целото име на клубот од Белгија што има долга традиција од 141 година е Ројал Антверпен фудбал клуб и го носи епитетот Кралски во оваа земја, но навивачите вечерва не покажаа кралски манири.

 

 

- Оглас -

Најнови вести