Реал Мадрид го ангажираше Николас Лапровитола, најкорисниот играч во АБЦ-лигата за минатата сезона. Аргентинецот кој ги бранеше боите на Хувентуд, потпиша двегодишен договор и тој е одговорот на Кралевите по суперзасилувањето на Барселона, Никола Миротиќ.
Дваесет и деветгодишниот плејмејкер ја одигра најдобрата сезона во својата кариера, во шпанското првенство во просек постигнуваше 17,2 поени и 6,4 асистенции, така што заслужено ја доби МВП-награда. Воедно, го однесе тимот од Бадалона во разигрувањата за првпат по четири години.
Лапровитола има и евролигашко искуство со Басконија, претходно краток период се задржа во редовите на Сан Антонио спарс, каде што запиша 18 настапи во НБА.
https://twitter.com/RMBaloncesto/status/1148543568291622913