Кралски потег на Реал Мадрид – „Сантијаго Бернабеу“ се става во служба во борбата против Коронавирусот!

Коронавирусот го парализираше фудбалот, кој најмалку уште два месецa сигурно нема да го има во Европа. Италија и Шпанија се двете најзагрозени земји во моментов на Стариот Kонтинент. Илјадници луѓе секојдневно се заразуваат, а стотици ја губат битката со опасниот вирус.

Во ситуација кога во Шпанија нема фудбал, а потребна е поголема мобилизација и простор во борбата против смртоносната болест, реагираше Реал Мадрид. Кралскиот клуб дозволи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ да се користи за потребите во борбата против Коронавирусот.

„Сантијаго Бернабеу“ станува складиште за лекови и медицинска опрема која е неопходна во борбата против опасниот вирус. На легендарниот стадион во 2010 година се играше финалето од Лигата на шампионите, а беше домаќин и на финалето на Светското првенство во 1982 година.

Досега во Шпанија има над 56.000 заразени и над 4.000 починати од Коронавирусот. Само Италија е позагрозена земја во Европа од Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести