Кралски пресврт на Кингс против Голден стејт, нова историска партија на Дончиќ (Видео)

Во богатата вечер во НБА-лигата се издвоија два натпревари како најинтересни, а Лука Дончиќ имаше нова партија за паметење.

Словенецот со 41 поен и по девет скока и асистенции придонесе за победата на Далас во тексашкото дерби над Хјустон од 121-115, а притоа Лука немаше ниту една загубена топка. Повеќе од 40 години не е видено некој да даде над 40 поени и да се доближи до трипл-дабл, а притоа да не направи ниту една грешка.

Дончиќ по вторпат сезонава дава 40 или повеќе поени без загубена топка, а ниту еден друг играч во лигата нема направено таков подвиг.

Во Сакраменто, Кингс губеше со 17 поени разлика од Голден стејт на полувреме, имаа и 24 поени негатива во еден момент, но на крајot победија со 124-123.

Победата им помогна на Кралевите да се пласираат во новиот In-Season турнир, кој е нешто како куп на НБА. Паровите за четвртфиналето се Лејкерс – Феникс, Сакраменто – Њу Орлеанс, Милвоки – Њујорк и Индијана – Бостон.

Нокаут-фазата во Внатресезонскиот турнир почнува на 4 декември, а финалето е на 9 декември во Лас Вегас, кога победникот ќе добие и пехар. Инаку, резултатите од овие мечеви (освен од финалето) ќе се сметаат и во билансот на екипите во регуларната сезона.

https://twitter.com/i/status/1729742755918655621

 

- Оглас -

Најнови вести