18.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Кралски проектили: Реал со евро голови од далечина стигна до пет од пет (Видео)

Реал Мадрид останува безгрешен во шпанското првенство. Кралскиот клуб на својот „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0 славеше над Еспањол, во рамките од петото коло. Реал има максимални 15 бодови, а за Еспањол ова е прв пораз во новата сезона и тимот од Барселона остана на 10 бодови.

Мадридскиот фаворит поведе со 1:0 благодарение на евоголот на Едер Милитао во 22 минута. Бразилецот реши да шутира од преку 25 минути и тоа го направи на перфектен начин, матирајќи го гостинскиот голман.

Real Madrid [1]-0 Espanyol – Militao 22′
byu/xggq inrealmadrid

На почетокот на второто полувреме, односно во 47 минута, следуваше ремек дело и на Килијан Мбапе. Голгетерот на Реал со шут од преку 20 метри ја затресе мрежата на Еспањол за многу помирен тек на мечот во кој Кралевите ги освоија планираните три бода.

- Оглас -

Најнови вести