Реал Мадрид продолжува во победнички континуитет и по гостувањето кај Селта во Виго, каде што славеше со 3-1 во фантастичната партија на Лука Модриќ.
Хрватскиот виртуоз изведе бравура во 41-та минута со феноменален удар од околу 20 метри за 2-1 во корист на Кралевите, по што домашниот голман се закопа во место и немоќно ја проследи топката во голот.
Претходно Аспас со успешен обид од белата точка го возврати ударот на идентичен начин за 1-1 по 23 минути игра, откако и Бензема погоди од пенал помалку од 10 минути пред тоа.
Во вториот дел Реал продолжи во исто темпо, а следуваше нова мајсторија на Модриќ, овојпат како асистент. Неговото проигрување во простор со долга топка го испрати брзногиот Винисиус, кој спринтираше и го издрибла голманот Марчесин за водство од 3-1 во 56-тата минута.
Валверде само 10 минути подоцна стави точка на мечот и убедливо освоени три бода на шпанскиот првак. Триумфот можеше да биде поубедлив, но Азар не искористи казна од белата точка во 87-та минута.
Останати резултата Ла Лига:
Осасуна 2-0 Кадис, Мајорка 1-2 Бетис.