На кралското соѕвездие во ЛШ му се приклучи и Бензема, „партибрејкерот“ игра за омразениот ривал на Реал Мадрид

Карим Бензема му се приклучи на клубот 50 со два гола во првото полувреме против Борусија Менхенгладбах, а Топ-5 листата е кралска и има само еден играч што дал 50+ погодоци во групна фаза во Лигата на шампионите, а не го носел дресот на Реал Мадрид.

Дилеми нема многу, се работи за Лионел Меси од Барселона, вечниот ривал на Реал Мадрид, и тој е на врвот на листата со 71 погодок.

Зад него е Кристијано Роналдо од Јувентус, кој го носеше кралскиот дрес на Реал Мадрид. Португалецот е втор со 67 гола, пред легендата на Кралевите Раул Гонсалес со 53 и Руд ван Нистелрој и од вечерва Бензема со по 50 гола.

Роналдо и Меси сè уште се активни и засега недостижни, а Бензема може да му се доближи на Раул уште вечерва, со некој погодок во второто полувреме, па дури и да го престигне во следното издание на ЛШ бидејќи се работи за погодоци во фаза по групи, кои вечерва завршуваат во тековниот циклус на ЛШ.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести