28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Кралското второ полувреме комплетно ја нокаутира Барселона – Ел Класико број 180 за Реал Мадрид (Видео)

Винисиус Јуниор и Маријано Дијас со голови ја крунисаа многу подобрата игра на Реал Мадрид во второто полувреме, а нокаутирана е Барселона, екипа што одигра солидно прво и лошо второ полувреме.

Винисиус во 71-вата минута го искористи одличното додавање на Тони Крос и најави прва победа на Реал Мадрид по 5,5 години на „Сантијагo Бернабеу“.

https://twitter.com/Sh3raz01/status/1234231859531407360?s=20

Триумфот во 180-тото Ел Класико го потврди резервистот Маријано Дијас со погодок во последните моменти од мечот.

https://twitter.com/espece_911/status/1234235420793167872?s=20

Реал одигра одлично второ полувреме и имаше зрели шанси да победи и поубедливо откако Бензема и Иско утнаа чисти зицери.

Барселона имаше две шанси во првиот дел, но Артур и Меси не успеаја да ја минат последната пречка, одличниот голман на Реал Тибо Куртоа, а потоа комплетно паднаа и беа надиграни од големиот ривал.

Сега Реал е лидер во Ла Лига со 55 бода, едeн повеќе од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести