Кралско забивање на итрата лисица, Гордон го стави на постер Јанис (Видео)

Деарон Фокс имаше спектакуларно забивање во финишот на мечот меѓу Сакраменто и Индијана, а Кингс конечно по четири порази по ред ги победија Пејсерс со 127:122.

При резултат 121:117 на малку повеќе од половина минута до крај Фокс имаше соло акција што заврши со страшно ефектно забивање, а тој кош ги реши дилемите околу победникот.

Фокс уфрли 21 поен и имаше 9 асистенции како втор стрелец во победничкиот тим. Најмногу поени постигна Харисон Барнс, точно 30.

Кај гостите Домантас Сабонис беше прв стрелец со 28 поени, додека Мајкл Брогдон уфрли 24.

Многу атрактивен потег ноќеска имаше и Ерон Гордон, кошаркарот на Орландо меџик, но без победнички ефект за неговата екипа.

Гордон на почетокот на последниот период во дуелот со Милвоки го „постеризираше“ Јанис Адетокумбо, но сепак, на крајот Бакс се радуваа на триумф од 121:99.

 

Резултати: Шарлот – Њујорк 109:88, Кливленд – Мемфис 91:101, Орландо – Милвоки 99:121, Вашингтон -Феникс 128:107, Атланта – Филаделфија 112:94, Портланд – Торонто 112:111, Сакраменто – Индијана 127:122.

- Оглас -

Најнови вести