Крамариќ блеска, гол против Борусија го носи во друштво на Меси и Роналдо

Андреј Крамариќ блеска и е во серија од девет меча на кои постигнувал барем еден гол, што е неверојатен потфат. Од израмнување на рекордот што го имаат Лионел Меси и Кристијано Роналдо со десетки, го дели само еден погодок во сабота, против Борусија Менхегладбах, во меч од Бундеслигата.

Хрватскиот репрезентативец ја почна серијата во ноември со гол против Лион во Лигата на шампионите, а потоа беше стрелец и против Аугсбург во Бундеслигата, па се префрли на голови за хрватската репрезентација против Шпанија и Англија во Лигата на нациите.

Низата продолжи против Херта, потоа и со Шахтар, Шалке 04, Волфсбург и вчеравечер против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Досега со серија од десет меча на кои давале голови се само Меси, и тоа двапати, и Кристијано Роналдо еднаш.

- Оглас -

Најнови вести