Крамариќ и Халанд се незапирливи за одбраните во Германија (Видео)

Доколку Хрватот Андреј Крамариќ кој игра во животна форма, остане во Хофенхајм цела сезона, неговата трка со феноменалниот Ерлинг Халанд за прв стрелец во Бундеслигата ќе биде супер за гледање.

Крамариќ постигна убав гол со лоб на гостувањето кај Ајнтрахт, но неговиот Хофенхајм загуби со 1-2 во Франкфурт. Крамариќ има дадено осум гола на последните четири меча во сите натпреварувања, и остана лидер на листата на стрелци во Бундеслигата.

Борусија Дортмунд го порази Фрајбург со 4-0, во меч кој мина во знакот на Ерлинг Халанд и Џовани Рејна. Норвешкото напаѓачко чудо имаше два гола и асистенција, а американскиот тинејџер имаше три асистенции.

Погледнете го спринтот и голот на Халанд за 3-0 на мечот на кој имаше 11.000 гледачи што е рекорд во Бундеслигата сезонава:

https://twitter.com/i/status/1312406308067438593

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести