Красимир Балаков ќе биде нов тренер на Гостивар?

Македонскиот фудбалски прволигаш Гостивар е во преговори за тренерската позиција со легендарниот бугарски фудбалер Красимир Балаков, тврдат медиумите во оваа земја.


Гостивар е во потрага по нов тренер откако се раздели со Муарем Муарем по ремито против Беса (1-1) во минатото коло.

Гостивар во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата во Првата фудбалска лига, а в недела му гостува на лидерот Работнички.

Балаков до крајот на минатата сезона беше тренер на Локомотив Софија, има работено и во Грасхоперс, Сент Гален, Хајдук Сплит, Черноморец Бургас, Кајзерслаутерн, Литекс, ЦСКА 1948 и Септември Софија, а беше и селектор на бугарската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести