Кратко и јасно: Анчелоти одговори дали ќе биде нов селектор на Бразил

Реал Мадрид вечерва го пречекува Леганес во шпанската Ла Лига, а Бразил синоќа остана без селектор, па веднаш следуваа најави дека новиот предводник на „кариоките“ ќе биде Карло Анчелоти.

Неизбежни беа и прашањата на оваа тема на официјалната прес-конференција пред мечот со Леганес. Анчелоти беше прашан дали ќе биде новиот селектор на Бразил, а одговорот беше краток и јасен: „Не!“.

Италијанскиот тренер потоа и објасни.

„Имам договор и на таа тема немам што да додадам. Ја почитувам бразилската репрезентација, нивните фудбалери и навивачи, но јас имам договор со Реал и тука се е јасно.“ – рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести