Очекувано кратко беше дефилето на фудбалерите кои што пристигнаа на плоштадот во Скопје. Проади протоколите на УЕФА само дел од играчите се појавија пред илјадниците фанови, а капитенот Стефан Ристовски им се обрати.
„Благодариме навистина и имаме уште еден натпревар на кој што ќе го дадеме максимумот како и вчера“ изјави Ристовски.