По одличниот почеток кој го имаше Рома, под водство на Жозе Мурињо, се чини дека еуфоријата полека спласнува.
Резултатите на тимот во последно време се далеку од задоволителни, а почнаа и првите проблеми во самиот тим.
Според италијанските медиуми Мурињо и Николо Занонио имале жестока распоравија на еден од тренинзите.
Португалецот му се развикал на играчот дека не се залага доволно, на што овој му возвратил жестоко.
Останува да се види дали Рома ќе ја преброди оваа криза, и колку долго ќе остане Мурињо во тимот, во кое раководството има големи очекувања.