Силекс и Академија Пандев одиграа 1-1 во единствениот денешен меч од Првата македонска фудбалска лига. За струмичани, ова е прво реми сезонава, а интересно е што пандевци дома ги загубија двете средби, додека на двете гостувања освоија четири бода.
Кратовци поведоа со 1-0, но гостите израмнија, па некогашниот шампион и понатаму нема пораз сезонава по враќањето во прва лига.
Во второлигашката конкуренција, Вардар повторно победи без примен гол. Попладнево Црвено-црните дома славеа против Охрид Лихнидос со 2-0. Освен Вардар, 6 бода по првите две кола има и Детонит Плачковица.