Крауч може да ќари коефициент 100 од обложувалница и тоа од неговото неродено дете

Искусниот англиски напаѓач Питер Крауч и неговата сопруга Аби Кленси го чекаат четвртото дете. Тој на англиските медиуми им откри дека веќе размислува кое име ќе му го даде, а на прво место му е Самрат, по неговиот омилен индиски ресторан кој се наоѓа во Лондон.

Фудбалерот на Барнли истакна дека ги проверил обложувалниците и забележал дека коефициентот за името Самрат е 100.

„Една обложувалница прифаќа обложување за името на моето четврто дете. Хери е на врвот, а 100 коефициент доби името Самрат и што е уште поинтересно, налетав на луѓе на улица кои ми велеа да го сторам тоа. Моето дете да се вика Самрат. Мислам дека и мојата сопруга би се согласила бидејќи тоа име може да се скрати на Сем, па може да се даде и на машко и на женско дете“, истакна Крауч.

Покрај името Самрат, со 100 квота се и Џејкоб, Џун, Мери Бебе број 4 и Хет-трик, додека името Шејн има речиси двојно поголем коефициент.

- Оглас -

Најнови вести