Кремонезе и по 23 кола нема победа, Торино испушти шанса да се најде пред Јувентус (Видео)

Торино и Кремонезе одиграа интересен меч од 23-тото коло на италијанската Серија А, кој заврши 2-2, резултат од кој не би требало да се задоволни ни домашните ни гостите, но можеби е и реален со оглед на случувањата.

Торо поведе со 1-0, па „фенерџијата“ на табелата направи пресврт и поведе со 2-1, па во 79-тата минута Биковите израмнија и го избегнаа срамот да станат првиот тим кој загубил од Кремонезе.

Кремонезе има 9 бода (девет пати одиграа нерешено, покрај 14-те порази), со една нога е во Серија Б, а кај Торино гостуваа за првпат по 27 сезони. Во таа сезона 1995/96, овие два тима испаднаа во втора лига.

Ова е голот на Торино за 2-2:

- Оглас -

Најнови вести