3.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Кремонезе не можеше да му парира на Интер (Видео)

Фудбалерите на Интер продолжуваат сигурно да чекорат кон титулата во Серија А.

Во 23-тото коло, Нераѕурите славеа на гостувањето кај Кремонезе со 0-2 и дополнително се зацврстија на лидерската позиција на табелата со 55 бодови, осум повеќе од Милан, кој има и натпревар помалку.

Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме. Во 16-тата минута Федерико Димарко одлично нафрли од корнер, а Лаутаро Мартинез со прецизен удар со глава го отвори резултатот.


Само петнаесет минути подоцна, Пјотр Зјелински ја удвои предноста со спектакуларен шут од далечина, по асистенција на Луис Енрике.

Во продолжението Интер рутински ја контролираше играта и без поголеми проблеми ја сочува предноста до самиот крај.


Кремонезе останува на 16-тата позиција со 23 бодови и продолжува борбата за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести