Кремонезе е сензација во Купот на Италија, на патот до полуфиналето ги елиминира фаворитите Наполи и Рома, а интересно е што има некои поклопувања од сегашната ситуација и таа од претходниот пат, кога Кремонезе беше полуфиналист во популарната Копа Италија.
Кремонезе играше полуфинале и испадна од Аталанта во сезоната 1986/87. Поминаа 36 години од тогаш, но случајно или не, и тогаш Аргентина беше тазе светски првак како и сега. И Аргентина чекаше 36 години за нова светска титула.
Во таа сезона кога тимот од Кремона дојде до полуфинале, италијански шампион стана Наполи. Во моментов Наполи е прв со 13 бода предност и само чудо може да го спречи на патот кон титулата, па веројатно ќе има и хет-трик со поклопувањата.