30.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Се подготвува бунт: Како може сите да пијат кафе и кафичите да бидат полни, а ние мора да бидеме со маски?

Тренерите и играчите кои се на клупата за резервни играчи во германското првенство, мора да држат социјална дистанца, но и да носат заштитни маски, додека фудбалерите на теренот не смеат да ги прославуваат головите. Ова се едни од главните мерки кои се почитуваат по враќањето на германскиот фудбал во ерата на Коронавирусот.

Поголем дел од луѓето кои се дел од екипите во Бундеслигата коментираат дека треба да има ублажување на мерките за безбедност.

„Малку е тешко да сфатам како луѓето повторно може да седат во кафичите, да се дружат и да пијат кафе без да носат маски, а ние на трибините иако држиме и дистанца, мора да носиме и маски на устата и носот“, вели спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер.

Во Бундеслигата во тек е петото коло по враќањето, а досега не е забележан ниту еден позитивен случај за Коронавирусот. Сепак, мерките за безбедност не се намалени.

„Супер е што повторно може да играме, тоа е одлична работа. Сепак, протоколите беа донесени во март, а сега е јуни“, вели тренерот на Баер Леверкузен, Петер Бош.

За намалување на мерките е и тренерот на Падерборн, Штефан Баумгарт.

„Имаме ситуации кога сниматели седат сами и околу нив нема никој на 30-тина метри, а тие и понатаму носат маски. Има и новинари кои држат дистанца од три метри, но сепак носат маски и не можеме да ги разбереме што сакаат да не прашаат“, вели Баумгарт.

 

- Оглас -

Најнови вести