Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе без проблем го одработи целиот денешен тренинг со екипата на Пари Сен Жермен и со тоа се потврди дека тој ќе игра на утрешниот меч против Баерн Минхен од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Мбапе имаше ситна повреда, но парижаните тврдеа не е сериозна и дека Килијан нема да може да игра на првиот осминафинален дуел против Баварците. „Неизвесно“ беше и дали ќе играат „повредените“ Лионел Меси и Марко Верати, кои исто така не се појавија викендов против Монако.
Фотографиите од денешниот тренинг покажуваат дека и Аргентинецот и Италијанецот се фит и дека ќе бидат во комбинација за настап во дербито од осминафиналето во ЛШ.
Иако ПСЖ ќе биде со сите ѕвезди во составот, според квотите во Sport Life, и понатаму германскиот гигант е благ фаворит.