Крилата и бековите на Челзи мразеле да играат покрај аут линијата каде што стоел Тухел!

Одбивањето да го земе Кристијано Роналдо во тимот и слабите резултати во досегашниот дел од сезоната, се спомнуваа како главни причини за отказот на Томас Тухел во Челзи.

Германскиот стручњак наводно молел да не го бркаат, но сопственикот останал на одлуката да се раздели со човекот кој на Сините пред две сезони им донесе титула во Лигата на шампионите.

Сега се појави една друга интересна информација, дека фудбалерите на Челзи, најчесто крилата и бековите, мразеле да играат покрај аут линијата на страната каде што била клупата на Сините, поточно каде што стоел Тухел. Тие не можеле да ги слушаат постојаните гласни жалби на Германецот после некоја неуспешна акција.

- Оглас -

Најнови вести