Крилото на Милан доби повик да игра на СП во Катар, но некако не му се слуша

Фудбалерот на Реал Мадрид кој игра како позајмен за Милан, Брахим Дијас, доби покана да игра за Мароко на претстојното Светско првенство, но Шпанецот со мароканско потекло изгледа ќе ја одбие шансата да заигра на Мундијалот во Катар.

Брахим е роден во Шпанија и играше за младите селекции на оваа земја, има еден настап и за А тимот на Црвената фурија, но на пријателски меч. Мароканците неочекувано останаа без Амине Харит, кој беше на пријавната листа, но се повреди, па имаат право дополнително да повикаат друг играч и си ја пробаа среќата со Брахим, кој добро би им дошол во ваква ситуација.

Но, Дијас упорно чека да заигра за сениорската репрезентација на Шпанија, верува дека може да биде во составот за ЕП 2024 и СП 2026 и затоа на пет дена пред стартот на годинешното Светско првенство не сака избрзано да прифати да игра за Мароко, иако не ја исклучува можноста во иднина сепак да го избере Мароко.

- Оглас -

Најнови вести