Криминална банда од Балканот на бизарен начин ги измамила обложувалниците

Интерпол, Еуропол и шпанската полиција откри криминална организација која на необичен начин успевала да ги измами обложувалниците. Во 2020 година била започната истрага поради сомнителни уплати во обложувалниците, а сега стигна и резултатот од таа истрага.

Државјани од Бугарија и Романија успеале во Шпанија да основаат криминална мрежа така што со помош на технологијата, во живо ги следеле случувањата на голем број спортски натпревари. Тие успевале да го дознаат резултатот и тоа пред да биде регистрирана промената во обложувалниците.

Преку интернет, тие лесно правеле уплати на голема сума пари и заработувале сериозно висока сума пари. Водач на оваа група е некогашен бугарски пинг-понг играч, кој успевал дури и да потплати дел од романските фудбалери на одредени средби.

Еуропол открива дека оваа криминална група најчесто се обложувала на мечеви од азиските и јужноамериканските средби, но имало уплати и во Бундеслигата, Лигата на нации, Светското првенство во Катар, како и на АТП и ИТФ тениските турнири.

Во полициската акција вкупно биле уапсени 23 луѓе. Биле претресени четири куќи, од кои две биле запленети. Запленети се и три луксузни возила, два сателити, уред за попречување на сигналот, 47 сметки во банки, 80 мобилни телефони…

- Оглас -

Најнови вести