Поранешниот бразилски репрезентативец Фред (40) беше ограбен среде улица во Рио де Жанеиро, а целиот грабеж бил снимен од надзорни камери.
Криминалците му впериле пиштол во главата и му ги одзеле автомобилот и часовникот.
Грабежот се случил во ноќта меѓу четвртокот и петокот, неколку часа по мечот на Флуминенсе каде Фред е спортски директор и Сао Пауло.
Според видео снимката од камерата, криминалците го следеле Фред кој најверојатно под закана го запрел автомобилот. Од другиот автомобил излегле тројца вооружени мажи кои му впериле пиштоли во главата и под принуда му ги одзеле автомобилот и часовникот, а грабежот траел околу 60-та секунди.
Assalto sofrido pelo Fred em Ipanema, madrugada, voltando do Maracanã. Já pode dar um reset no RJ? pic.twitter.com/2AVBIuCZq7
— José Ilan (@joseilan) November 24, 2023