Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја одби жалбата на Кристал палас и овој англиски клуб нема да има место во Лигата на Европа, туку ќе мора да игра плејоф за влез во Конферениската лига.
Како победници на англискиот ФА куп, им следуваше место во лигашкиот дел на Лигата на Европа, но таму ќе игра Нотингам форест, кој требаше да биде дел од плејофот за Конференциската лига.
Палас е казнет од УЕФА поради кршење на правилата за сопственост на повеќе клубови. Американскиот бизнисмен Џон Текстор поседуваше 43 % од акциите во клубот пред да ги продаде во јуни, а истиот човек е мнозински сопственик и на француски Лион, кој исто така се квалификуваше за Лигата на Европа.
УЕФА му даде рок на Палас до 1 март 2025 година да покаже доказ за реструктуирање на сопственоста на повеќе клубови, но клубот го пропушти тој рок. Во јули, Палас поднесе жалба до САС против УЕФА, тврдеа дека Текстор нема никакво одлучувачко влијание во клубот, но УЕФА не ја прифати одбраната.
Палас ќе се соочи или со норвешкиот тим Фредрикштад или со Митјиланд од Данска во плејофот за Конференциската лига подоцна овој месец.