Кристал Палас со победата од 4:0 против Евертон се пласираше во полуфиналето од ФА Купот. Тимот до „Селхурст парк“ до настап на Вембли дојде со головите на Марк Гуехи во 25-та, Жан Филип Матета во 41-та, Вилфред Заха во 79-та и Вил Хјуз во 88-та минута.
Таму е веќе Челзи кој што со 2:0 го победи Мидлзбро, а од 16 часот ќе го дознаеме третиот патник во полуфиналето кога ќе се одигра мечот меѓу Саутемптон и Манчестер сити.
Четвртфиналната фаза во најстарото фудбалско натпреварување ќе биде комплетирана денеска кога силите ќе ги одмерат Нотингем Форест и Ливерпул во меч кој што е закажан за 19:00 часот.