Екипата на Кристал палас со 3:0 го победи Арсенал во последниот натпревар од 31-вото коло во Премиер лигата.
На оваа победа на тимот на Патрик Виеира најмногу се израдуваа Тотенхем и Манчестер јунајтед, кои се директни ривали на Топчиите во борбата за четвртото место, коешто носи во Лигата на шампионите.
Со головите на Жан Филип Матета (16′), Џордан Ају (24′) и Вилфрид Заха од пенал во 74-та минута, малиот тим го доби лондонското дерби и го врати Арсенал чекор назад во борбата.
Тотенхем и Арсенал имаат по 54 бода, но Топчиите имаат и натпревар помалку, додека Манчестер јунајтед е под број седум и има 51 бод, а пред нив е Вест хем, којшто исто така и покрај тоа што има најмногу одиграни натпревари (31), се надева на уште некој кикс на фаворитите до крајот на сезоната.