Манчестер јунајтед се договори со Кристал Палас и за сума од 50 милиони фунти го купи дефанзивецот Арон Ван Бисака.
Младинскиот репрезентативец на Англија имаше одлична сезона во редовите на Кристал Палас и се наметна како еден од најперспективните дефанзивци.
Десниот бек треба само да ги мине лекарските прегледи и да потпише за Манчестер јунајтед.
Ван Бисака играше за младинската селекција на Англија на ЕП за играчи до 21 година, но заедно со соиграчите потфрли, па „Гордиот Албион“, иако беше во редот на главните фаворити испадна со само еден бод во фазата по групи.