Кристал Палас официјално објави разделба со Хоџсон, Лампард фаворит за нов тренер

Утрешниот натпревар против Арсенал, ќе биде претпоследен за Рој Хоџсон како тренер на Кристал Палас. Клубот објави дека после речиси четири години, се разделува со легендарниот тренер кој како дете навивал за Палас. Простувањето на Хоџсон ќе биде на „Енфилд“, против неговиот некогашен клуб Ливерпул. Хоџсон со 73 години и 280 дена во победата над Астон Вила, стана најстар тренер во историјата на Премиерлигата.

Веќе се шпекулира и околу името на наследникот на Хоџсон на клупата на Палас. Како фаворит на англиските букмејкери по обложувалниците е Френк Лампард, а се спомнуваат и Шон Дајч од Барнли и Стив Купер од Свонси. Лампард од јануари е без работа, тогаш беше отпуштен од Челзи, но изгледа нема долго да биде без клуб.

- Оглас -

Најнови вести