Кристал палас по третпат е во финалето на ФА купот, ќе има нова можност за прв трофеј во клупската историја (Видео)

Фудбалерите на Кристал палас ќе имаат нова можност да го освојат првиот трофеј во историјата на клубот, откако во полуфиналето на ФА купот ја совладаа Астон вила со 3-0 и по третпат ќе играат во големото финале.

Клубот од Јужен Лондон е формиран во 1905 година, но никогаш нема освоено значаен трофеј во англискиот фудбал, а претходно двапати губеше во финалињата на ФА купот, во 1990 и 2016 година

Пласманот во финалето на Кристал палас му го донесоа Еберечи Езе во 31-вата и Исмаила Сар со головите во 58-мата и 94-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести