0.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Кристенсен има повреда на коленото, го пропушта баражот против Македонија?

Данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен, има делумно кинење на предните вкрстени лигаменти во левото колено, објави неговиот клуб Барселона.

Повредата ја здобил случајно, при едно незгодно движење на вчерашниот тренинг. Од клубот не кажаа колку време ќе треба да паузира Кристенсен, тоа ќе зависи од процесот на рехабилитација, но обично за таков тип на повреди, потребна е пауза од три-четири месеци. Барса објави дека Кристенсен нема да биде опериран.

На 26-ти март, што е за четири месеци и пет дена од сега, во Копенхаген треба да се игра бараж за Светско првенство помеѓу Данска и Македонија, па ако Кристенсен не може да игра, тоа ќе биде хендикеп за нашиот противник.

- Оглас -

Најнови вести