Кристијано е експерт за реванш осминафиналиња, Порто треба да се плаши од сонародникот

Јувентус е единствената екипа која не успеа да победи како гостин во првите осминафинални средби од Лигата на шампионите, загуби со 1-2, па вечерва против Порто на свој терен треба да брка победа која би ги однела понатаму. Јуве има еден силен адут во вечерашниот реванш, тоа е Португалецот Кристијано Роналдо и тоа не само затоа што тој е прв стрелец во историјата на ЛШ.

Роналдо е вистински ѕвер кога станува збор за осминафиналињата, особено реваншите и вечерва има своја мисија. На 16 настапи во реваншите во осминафинале, Роналдо има дадено дури 17 гола. Ако се сметаат и првите дуели, Роналдо има 25 гола на 33 меча.

Во последните три сезони, Јувентус губеше на гости во осминафиналињата, но реваншите беа друга песна, па Порто треба да стравува кога на реваншот против себе го има Роналдо кој е многу мотивиран. Лани со Лион, Кристијано постигна два гола на реваншот, но Јуве испадна. Во Порто посакуваат да приредат изненадување, и нема да им биде криво ако Роналдо им даде гол(ови), а тие одат понатаму.

- Оглас -

Најнови вести