Кристијано е најпопуларен фудбалер во Кина, Барселона го надмина Реал

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, остана на првото место на најпопуларни фудбалери во Кина, а Барселона е прва според популарност кај клубовите, објави една маркетиншка агенција која правела истражување.

Роналдо е прв пред Лионел Меси и Нејмар, а истиот редослед беше и лани. Но, популарноста на фудбалерите кај кинеското население паднала за 15 проценти.

„Много сум задоволен од тој факт. Знам дека сум популарен кај фановите во Кина и мене тоа многу ми значи“, изјави Роналдо.

Барса води кај клубовите, откако лани беше дури петта. Лани прв беше Реал Мадрид кој сега е втор, а Челзи е на трето место, оставајќи ги зад себе Манчестер јунајтед и Ливерпул. Ливерпул, Арсенал и Баерн Минхен летоска не ја посетија Кина и и интересот кон нив е паднат.

Но, иако Барселона и Реал им се омилени, англиската е најгледана. Англиското првенство има најдобар договор за телевизиски права со кинеските телевизии. Голем пад на популарноста бележи и кошаркарската НБА лига поради негативноста на социјалните мрежи и невнимателните изјави во врска со Кина.

- Оглас -

Најнови вести