На Кристијано Роналдо му е важна секоја победа, па прославува и кога го победува неговиот најстар син во обична игра. Славниот фудбалер едноставно не може да ги сокрие емоциите, тоа е посилно од него, искрено се радува и кога ќе триумфира против неговиот син.
Без разлика дали е финале во Лигата на шампионите или игра кошарка на маса со синот Кристијано Јуниор во слободно време додека патуваат со приватен авион, Португалецот сака да победува и кога ќе го оствари тоа, во ист жар се радува.
Роналдо мина трнлив пат од тешката сиромаштија во детството до ова што е денеска, па сака и на синот да му ја пренесе желбата за напредување и напорна работа.